
И покрај најавите за замрзнување или намалување на цените од страна на владата, сепак цените сеуште се исти. Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши дел од производите што ќе бидат опфатени со мерката се лебот, пекарските и млечните производи, овошјето и зелелчуко и истиот најави дека се прават пресметките за намалувањето на маржите до 15 проценти или замрзнување на истите. Според премиерот на државата Христијан Мицкоски пак владата нема да има високи цени. Тој истакна дека по вчерашната средба на надлежните со производителите и маркетите се донесе договор кој ќе биде истакнат на следната владина седница во воторник.
“Имаше вчера предлог за економија и труд кој што беше резултат на средбата која што ја имаа наделжните со производителите и маркетите. Рековме дека нештата ќе ги решаваме со дијалог и истото ќе биде веќе на следната владина седница во вторник закачено, вчера не беше би рекол определени технички причини, туку сакаме да ги промениме оние филтри што се генерални колегиуми и комисија за економски систем и веќе очекувам на следната владина седница да биде на дневен ред“, истакна Мицкоски
Инаку, според премиерот идејата е да престане богатеењето и крадењето врз грбот на граѓаните и да се спречи ваквата злоупотреба. За да се интервенира офанзивно потребно е простор, а онаму каде што има пазарна економија и праксата ги диктира цените, таму не интервенира државата.
Лаура Стојанова, М-Нет