Поставена антена проблем за неколку семејства во Штип, бараат дислокација на антената

Револтирани граѓани кои живеат во близина на ООУ „Гоце Делчев“ од Штип реагираат на поставувањето антена на кров од куќа која се наоѓа во нивното место на живеење. Сите соседи велат дека стравуваат за нивната безбедност и безбедноста на нивните деца. Прво мислеле дека соседот го менува кровот на неговата куќа, ама подоцна сватиле дека се поставува антена. Разговарале со него ама, но како што велат пред камерите на М-Нет телевизија не дознале ниту кој ја поставува, ниту како се поставува а тие е дале дозвола за тоа. Бараат под итна дислокација на антената.

„Станува збор за антена, не знаеме кој го овоа монтира. Овоа е радијација, прво ставија една цевка, ние мислевме кров менуваат, ама не антена било. Оваа антена е десет метри од мојата куќа одалечена и мислам дека овоа е штетно за мене.“ – велат граѓаните.

Граѓаните велат дека близината на антената до нивните куќи создава дополнителен страв кај нив бидејќи се изложени на радијација.

Бараат соседот да ја отстрани антената, а надлежнитре да испитаат дали ова е легално и дали може да се поставува. Децидни се дека ќе се борат до крај.

Лаура Стојанова М-Нет