
Редари од ЈП Стипион ќе им помагаат на посетителите на штипската пастрмалијада соодветно да ги паркираат своите возила. Тие ќе бидат задолжени во петок и сабота да ги известуваат граѓаните каде да сепаркираат и ке ги насочуваат од влезот на градот кон слободните зони за паркирање.
„По повод одржувањето на пастрмалијадата престојниот викенд одржавме координативен состанок со организаторите на манифестацијата на кој се одлучи ЈП „Стипион“ да земе активно учество со свои редарски екипи кои ќе го регулираат движењето на возилата и паркирањето во централното градско подрачје. Исто така ќе ги упатуваат сите гости на манифестацијата на слободните зони каде ќе може да го паркираат своето возило.“ – вели Стефановски.
Паркирањето ќе биде бесплатно за сите посетители, а дел од улиците околу местото за одржување на настанот ќе бидат затворени за сообраќај. Стефановски апелираше граѓаните да ги почитуваат правилата со цел манифестацијата да заврши без проблеми.
„Започнувајќи од 18 часот во петок ќе се затворат улиците од мостот кај судот и кај градскиот саат на спојувањето на улиците „Кирил и Методиј“ и „Иво Лола Рибар“. Овие зони ќе бидат забранети за движењена возила.“ – додава Стефановски.
И годинава се очекува голема посетеност, одлична забава и многу изедени пастрмајлии.
Лаура Стојанова М-Нет