Проект Цико освои бод на гостувањето кај Арбен Бајрами и остана Футсал лидер

Македонските Футсал прволигаши ги одиграа натпреварите од редовното 14 коло во кое остана да се одигра уште еден натпревар. Тоа ќе биде натпреварот Шкупи – Кратово кој е на програмата денес со почеток во 17.00 часот. Најинтересно во ова коло беше дерби средбата во Скопје во која по голема борба претендентите за шампион на Македонија, екипите на Арбен Бајрами и Проект Цико одиграа нерешено 1:1. Тимот од Валандово остана лидер на табелата со 38 бод а Арбен Бајрами во чекор ги следи и има 37 бодови. Штипските прволигаши во ова коло загубија, Астибо на гости од Јувентус Серава а Мал Ајакс во Штип загуби од екипата на Велес. Еве ги комплетните резултати од ова 14 коло:

  1. Карадаку – Кеги Моби 10:7
  2. Мал Ајакс – Велес 3:8
  3. Арбен Бајрами – Проект Цико 1:1
  4. Железарец – Црна Река 3:4
  5. Јувентус С – Астибо 3:1
  6. Шкупи – Кратово овој натпревар ќе се одигра денес.

Во претстојното 15 коло екипата на Астибо во Штип ќе се сретне со тимот на Железарец а екипата на Мал Ајакс ќе гостува на лидерот на табелата Проект Цико во Валандово.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk