Вонредна фудбалска среда, во Скопје: Работнички – Шкендија

Македонските фудбалски прволигаши утре,среда ќе ги одиграат натпреварите од вонредното 21 коло во кое најжешко ќе биде во Скопје. Водечката Шкендија ќе гостува на симпатичниот тим на Работнички кој годинава игра топло – ладно и во опција се сите можни резултати. Интересно ќе биде и во Кратово каде што на незгодниот Силекс ќе гостува екипата на Шкупи. Академците на Пандев во Струмица ќе мора да бараат спас и три бода во средбата со Македонија Ѓорче Петров а нтересни ќе бидат и преостанатите средби. Еве ги комплетните натпревари во ова 21 коло:

  1. Работнички – Шкендија
  2. Силекс – Шкупи
  3. А. Пандев – Македонија ЃП
  4. Борец – Беласица
  5. Струга Т Л – Пелистер
  6. Ренова – Вардар

Сите натпревари ќе се одиграат во среда 3 март 2021 г. со почеток во 14.00 часот.