Македонската Футсал репрезентација ќе одигра квалификациски меч против Србија

Првенството на Македонија во Футсал оваа недела ќе мирува поради репрезентативни обврски на нашата селекција. Футсал репрезентацијата на Македонија во квалификациски натпревар за ЕП ќе се сретне со Србија. Ова е средба од третото коло во група во која се уште и репрезентаците на Романија која е на второто место со 2 бода, Б и X која е прва со 6 бодови, а селекциите на Македонија и на Србија имаат по еден освоен бод. Нашата селекција предводена од селекторот Васко Скендеровски одигра нерешено 2:2 со Романија а загуби од Б и Х со резултат 2:1. Натпреварот со Србија ќе се одигра во Петок во Врање со почеток во 18.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk