Продолжува осудата за силувањето кое в сабота се случи врз жена од Делчево

По грозоморниот чин кој се случи во саботата во кој 24 годишник од Делчево нападна жена, со осуда за физичкото насилство деновиве излегоа голем број на релавантни фактори меѓу кои и делчевскиот градоначалник и Комисијата за еднакви можности на мажите и жените од Делчево. Трајковски истакна дека Делчево е во шок по немилиот настан и изразувајки осуда за монструозниот чин ги повика надлежните органи максимално професионално да го водат случајот и да изречат максимална казна за сторителот.

Како градоначалник, заедно со Комисијата за еднакви можности, ќе ја дадеме целата потребна помош и поддршка, жртвата да се избори со последиците по грозоморното физичко и психичко малтретирање. Делчево не е и не смее да биде сцена од холивудски хорор филмови, каде криминални и болни умови ја роварат сигурноста и безбедноста на сите граѓани, посебно на жените, нарушувајќи ја нивната самодоверба, да предизвикаат негативна перцепција и да ја дискирминираат жената, рече Трајковски. Надополнувајки се на оваа изјава од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите истакнаа дека во Делечво не смее да се дозволи болни и криминални умови да ги дискриминираат жените во едно демократско и современо општество.

Во Делчево не смееме да дозволиме криминални и болни умови да го нарушат мирот, да ја срушат самодовербата на жената, да предизвикаат стигматизација, негативна перцепција и други негативни појави кои ја дискриминираат жената во современото демократско општество, каде зборуваме за човекови права и слободи.Ваков облик на физичко насилство врз жена која живее сама, Делчево не памети и иако силувањето како облик на насилство е присутно во сите општества и во сите социјални слоеви, а корените на насилството лежат во таа постојана дискриминација врз жените, оваа статистичка формулација, не треба да биде оправдување и амортизирање на сериозното прашање кое се наметнува, туку поле за поголема работа и на граѓанските оганизации во Делчево и на одделот за превенција при МВР. Како КЕМ посветено ќе го следиме случајот и соодветно ќе реагираме со цел жртвата да ја добие потребната помош и поддршка, но и ваков вид на физичко насилство врз жена повеќе да не се повтори, рече координаторката на КЕМ, Данила Такева. Инаку свирепиот настан во кој беше силувана жена во Делечво се случи во сабота на 31 октомври 2020 година, по што откако било пријавено лицето (Б.Ј) 24, од Делчево, истото били приведено во полициската станица. Против сторителот се преземаат понатамошни казнени мерки.

Валери Спасевски М Нет