Продолжува засилена полициска контрола на ниво на на СВР – Штип

Продолжува засилената полициска контрола од страна на Министерството за внатрешни работи на ниво на Секторот за внатрешни работи Штип. Се извршува контрола врз повеќе основи, со цел ставање на ред по улиците и патиштата, како и намалување на бројот на  сообраќајните незгоди на ниво на територијата на државата.

„Во текот на вчерашниот ден во Штип имаме 118 санкции, од кои 57 се за брзо возење а имаме и 8 возила за јавен превоз кај кој е утврдена техничка неисправност од контролираните 21. Исто така има санкции за брзо возење и возење без возачка дозвола.“ – истакна Ангеловски.

Една од најголемите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици  е брзото возење, но не изостануваат и возењето под дејство на алкохол, возење без возачка дозвола или нерегистрирано возило.  Затоа и се спроведува оваа засилена полициска контрола, и со санкционирање на прекршителите се очекува воспоставување на ред по патиштата. Ангеловски со апел до граѓаните на Штип, Кочани па и целата држава да се придржуваат и да ги почитуваат правилата и прописите. Веќе во сила е пуштен законот за можноста на полициски службеници да одземат технички неисправно возило и истото завршува во кругот на полициските станици. За возачите кои возат со голема брзина, по опомената доколку го повторат делото во рок од една година следува одземање на возачката дозвола, со што понатаму доколку сака повторно да управува моторно возило треба од почеток да се спроведи целата постапка за полагање возачки испит.

Лаура Стојанова М-Нет