Приведени две лица во Кочани и Македонска Каменица поради физичи напад и агресивно однесување кон полициски службеници

На 15.01.2021 околу 03.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го привеле К.Х.(37) од Македонска Каменица затоа што на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица агресивно се однесувал кон нив при вршење на службени задачи. На К.Х. му биле изготвени записници за констатиран прекршок по член 13 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  

Полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода А.М.(42) од Кочани затоа што околу 23.30 часот на 13.01.2021 физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени задачи. По целосно документирање на случајот, против А.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.