Премиерата на претставата „Пасивно пушење“ ќе се изведува пред едвај 35 лица публика

Ковид пандемијата им пресуди и на театрите бидејќи ги остави без публика. Строгите правила и протоколи како и ограничувањата придонесоа претставите да се одржуваат без публика. Националната установа центар за култура „Ацо Шопов“ Штип, почетокот на претходната година пред почетокот на пандемијата има две премиери, со публика. И по месец март се застанува во место но не и нивниот вложен труд и работа. Во сабота ќе се одржи претставата „Пасивно пушење“ која ќе биде со присуство на публиката но со ограничен број гледачи односно само 35.

Оваа претстава е во режија на Ненад Витанов, а во истата учествуваат Владимир Тулијев, Миле Вртеновски, Пеце Ристевски, Кристина Атанасова-Арсова и Марија Минчева Андонова. Костимите ги изработи Томче Карамарков, а сценографијата Филип Витанов. Драматург беше Габриела Коцева Тулијева. Станува збор за драма за аеродром во Париз на кој фаќаат македонец со сарми.

Театарот, музиката, балетот не се уметности за пренесување преку интернет преку било која социјална мрежа па колку и да е напредна технологијата. Како што истакна режисерот на претставата „Пасивно пушење“ Витанов, чувството човек да се претстави пред човек е незаменливо.

Лаура Стојанова М-Нет