
Како што претходно најавивме продолжуваат тренерски промени во Втората македонска фудбалска лига, а нов клуб кој остана со испразнето тренерско столче е Новаци, откако клубот и досегашниот шеф на стручен штаб Дарко Крстески се разделија.
Клубот преку соопштение потврди дека се разделува со Крстески, посакувајќи му успех во понатамошната кариера.
Инаку, Крстески три сезони успешно го водеше клубот, а минатата сезона Новаци имаше најдобар резултат под водство на Крстески во последните десеттина години, откако во сезона со силна конкуренција Новаци сезоната ја заврши на седмото место, имајќи го во предвид фактот што пред влезот на голем спонзор, Новаци беше под прашалник дали воопшто и ќе ја започне сезоната, а Крстески остана да го води клубот кога беше најтешко.
Инаку, 54-годишниот стратег покрај Новаци, го водеше и Караорман, Победа со која обезбеди и влез во Прва лига и Пелистер. Крстески кој поседува и УЕФА Про лиценца и како фудбалер имаше богата играчка кариера.
Александар Ванев, М-Нет