Репрезентацијата на Македонија до 15 години со висок пораз од Албанија

ФОТО: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години убедливо загуби од Албанија со резултат од 4:1, на првиот од двата контролни дуели.

Мечот се играше на албанско тло односно во Корча, а првата шанса за гол Македонија ја имаше преку Христов по добиена топка од Мустафа во 12. минута, но топката заврши само покрај голот.

Ќорај во 22. минута го отвори резултатот за водство на Албанија од 1:0, а осум минути подоцна Христов имаше нова можност, но овој пат голманот Аљај одлично интервенираше и ја сочува својата мрежа чиста.

Во 40. минута Пренди постигна гол за двојна предност на албанската репрезентација на полувреме. Во вториот дел Македонија брзо намали на 2:1 преку гол на Драган петков. Но, брзо потоа Ќорај постигна два гола и комплетираше три гола за хет-трик и висока победа на Албанија од 4:1.

Вториот контролен меч против Албанија ќе биде одигран на 24 јуни во Охрид, со почеток од 11 часот на стадионот „Билјанини Извори“.

Александар Ванев, М-Нет