Новиот второлигаш Камјани гради конкурентен тим за висок пласман – промовирано супер засилување!

Новиот член на Втората македонска фудбалска лига, екипата на Камјани продолжува да гради тим кој ќе биде конкурентен за висок пласман во второлигашката конкуренција.

По промоцијата на Арсим Љамалари, ново засилување во таборот на Камјани е искусниот фудбалер Љупчо Трпески, кој доаѓа од редовите на новиот прволигаш Шкендија Арачиново.

Трпески носи големо искуство за дебитантот во Втората лига, 31-годишниот дефанзивец со Шкендија Арачиново имаше две промоции од Трета лига – Север во Втора лига и од Втора лига во Прва лига и тоа во две сезони.

Низ својата кариера Трпески покрај за Шкендија Арачиново настапуваше и за Воска Спорт, Охрид, Кораб, Струга Трим Лум, Царев Двор и Пелистер.

Камјани новата сезона ја отвара во Битола против Пелистер, а првиот домашен меч го игра во рамки на второто коло против Осогово од Кочани.

Александар Ванев, М-Нет