
Продолжено работно време во билетарите во штипскиот Центар за култура, голем број престави и низа настани кои ќе го одбележат овој месец се активностите кои ги најави новиот директор Филип Стевановски. Од 9 до 19 часот ќе работат билетарите секојдневно, а во денови кога ќе има престави ќе работат еден час плус. Ова е со цел граѓаните да можат да купуваат карти кога ќе посакаат и да уживаат во предвидените престави.
“Новости кои што се поставени за оваа недела ги поставивме како тим е тоа што билетара во домот на културата ќе работи од 9 до 19 часот и секој кој што сака да си купи ќе може да си ги купи. За оние денови кога ќе имаме претстави во вторник и четврток ќе можат од 17 до 20 да купат билети во билетарата во театарот во Штип. Друго што е значајно за Штип е сто години од првата опера и првиот театар во Штип“ – вели Стевановски.
Во меѓувреме објавен е и репертоарот на штипскиот театар за месец февруари. Десет престави, гостувања на театри од останатите градови и слично е планирално за овој месец, а граѓаните ќе имаат можност да уживаат во преставите речиси секој вторник и четврток.
“На оваа прва прес конференција ќе го објавиме репертоарот на штипскиот театар за овој месец, за февруари. Почнуваме со 10 претстави, кои што најчесто ќе се играат најчесто во деновите вторник и четврток, така да имаме на репертоар 10 претстави, кои што имаме и две гостувања. Едното ќе биде на театар од Куманово, Како што Сакате се вика во претставата. Второто гостување е НУ Бели Мугри од Кочани со избувливиот човек.“ – додава Стевановски.
Останатите активности се одвиваат непречено, додава Стевановски. Тече поправката на кровот на теататор, а се планирани и други зафати во о ваа инститција со цел граѓаните да уживаат во културните настани во градот.
Лаура Стојанова М-Нет