Проблемите продолжуваат за продавачите на текстил, надлежните на терен, незаконски е продавање на јавни површини

Во бункер на најгрозното место во градот продаваме текстил велат продавачите на текстил кои добиа ново место за продавање. Велат дека ова место воопшто не било добро за продавање бидејќи е во затворена просторија и на високи температури. И понатаму посочуваат дека бараат место во кое ќе можат да продаваат и да работат бидејќи веќе три пазари не продаваат и им недостасуваат пари за храна.

„Значи сега се наоѓаме на едно место каде што им дадоа на нашите пазарџии што го продаваат текстилот. Им го дадоа најгрозното место во градот. Ги ставија во затворена просторија на 40 степени температура, ги ставија внатре да вријат. Ова не е никаков стандард за нив. Не ставиа во бункер, велат дека овде се продава текстил, а горе на местото кое е наменето за зеленчук скришно се продава текстил. Нека не снабдат со место да работиме, три пазари не работиме треба ли да крадеме, доваѓаме за парче леб.- велат продавачите

Со проблемот е запознаено и ЈП„Исар“ кои посчуваат:

„Како што напоменавме во повеќе наврати, пазарот е наменет за продавање на производи за прехрана. Ние како ЈП им влеговме во пресрет на граѓаните се со цел да ги задоволиме нивните потреби. Сите продавачи кои продаваат на пазарот треба да ги подмират уредно трошковите и да продаваат на тезги, а не да го уништуваат јавниот изглед и да продаваат на импровизирани тезги на јавен простор. На денешниот пазар беше пратен и инспекциски надзор, од страна на пазарната испекција и комуналните редари, посочено е дека продавањето на јавно прометни површни е незаконско.“ велат од ЈП „Исар“

Јавното претпријатие посочи дека треба сите продавачи уредно да продаваат на тезгите и да си ги подмират трошковите, а не да продаваат на импровизирани тезги на јавен простор.

Лаура Стојанова, М-Нет