Бардачиња, цреши и вишни се продизводите кои штипјани ги купуваат за Задушница

Бардачиња и филџани беа најбараните произвиоди денес на пазарот во пресрет на празникот Задушница. Овошје, црша и вишна производи кои се даваат за раздавање за душа на починатите велат штипјани. Иако цените се високи, а платите и пензиите ниски купуваме колку што можеме за да раздадеме нешто за душа, велат анкетираните.

„Купуват бардачиња и ченички, чашки се што треба по нашиот христијански табиет. Сега најчесто се носи овошје цреши, вишни. Некои да некои не. Ние старите почнавме веќе да не го поштуваме празникот, а не пак младите.“- велат штипјани

Анкетирните штипјани додаваат дека со текот на годините кои понминуваат празникот не се почитува како и порано, сега повозраасните не го почитуваат, а ниту пак младите. Велаат дека еве за некои ова е споен викенд си ги наполниле куферите и заминуваат на викенд, наместо да запалат свеќа и да ги посетат вечните домови на упокоените.

Лаура Стојанова, М-Нет