
30 дена притвор за штипјанецот во објект кој го користел беа пронајдени грутчеста материја, бела прашкаста материја и околу 12,000 евра во текот на вчерашниот ден. Имено, вчера (01.02.2025) околу 01 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода В.Ш.(37) и Е.Б.(38), двајцата од Штип. При извршен претрес во објект кој го користел В.Ш., биле пронајдени грутчеста материја, бела прашкаста материја и 305.500 денари и 7250 евра. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.