Башкими подобар на пријателски меч од Осогово во Кочани

Во Кочани на Градскиот стадион „Никола Мантов“ се одигра пријателски меч меѓу второлигашите Осогово и Башкими, каде тимот од Куманово предводен од Баже Јанакиевски беше подобар со 1:2, а до победата стигна преку пресврт.

„Жетварите“ преку Марио Симоски во 32. минута дојдоа до предност од 1:0, а во 42. минута Фахрудин Ѓурѓевиќ постигна гол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Башкими преку Аган Алиу направи пресврт на конечните 1:2.

Пролетниот дел од Втората лига на Осогово го отвара против Вардар Неготино во гости, а пак Башкими на домашен терен ќе го пречека тимот на Борец од Велес. Пролетниот дел започнува на 15. февруари.

Александар Ванев, М-Нет