
Второлигашот Детонит Плачковица денес одигра меѓународен пријателски меч во Бугарија, каде се тестираше со екипата на Вихрен во Сандански, тест-меч кој заврши со триумф за бугарскиот тим од 3:2.
Стрелци за Детонит Плачковица беа Дамјан Масевски и Лука Трајковски, а за Вихрен погодија Пехливанов, Китан Василев и Алекс Тренков.
„Oдличен натпревар, меѓународен пријателски меч, кој го одигравме во Сандански, Бугарија, теренот беше одличен за игра, одлични временски прилики, со добро темпо, одигравме одлично, задоволен сум од залагањето на играчите. Сите играчи добија шанса на денешниот натпревар. Тимот се оформува, ни следува сега генералката против Силекс во Кратово и полека подготвени влегуваме за пролетниот дел од Втората лига“, изјави тренерот Здравков за М Нет.
Радовишани против Силекс во Кратово ќе ја одиграат „генералката“, а пролетниот дел го отвараат против Новаци на гостински терен.
Александар Ванев, М-Нет