Приведен 72-годишник од Штип, со остар предмет се заканувал на неговата сопруга

На 14.06.2024 во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Д.(72) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Штип се заканувал со остар предмет на својата 71-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.