Дејан Мираковски официјално е новиот ректор на УГД

Официјано од денеска Дејан Мираковски е новиот рекотр на универзитет Гоце Делчев во Штип. Досегашниот ректор Блажо Боев денеска ја предаде инсигнијата, а се оддржа и рекотрска седница на која беа номинирани и новите декани.

„Поранешниот, досегашен рекотор ја предва инсигнијата и имавме прва ректорски состанок. Членови се сите новоизбрани декани, дел од овие декани се и досегашни декани, дел се нови. На оваа ректорска седница беа номинирани новите два проректора, едниот е досегашниот проректорот за наука и студенти професор Мишко Џидров и новата проректорка за наука професор доктор Зденка Стојановска.

Новиот ректор Мираковски истакна дека во индина ќе продолжат кон оставарување и на сега поставените цели, да се подобруваат сите полиња на работа и функционирање и во континуитет да продолжи да се равива факултетот.

„Како основни црти, тоа беше најавено и во мојата работна програма е да го подигнеме квалитетот на севкупното работење на универзитетот со посебен осврт кон студентите и со поголемо ниво на отвореност кон општеството во кое функционираме, одноннсо поголема соработка во сите аспекти, од решавање на основните проблеми со поддршка на науката па до вкулучување со многу поголем интезитет во културно ументичките и другите случувања во секојдневниот живот. Еден поотворен универзитет, универзитет свртен кон средината во која функционира“ – додаде Мираковски.

Дејан Мираковски на функција ректор на УГД додаѓа на местото на Блажо Боев и неговоиот мандат е три години.

Лаура Стојанова М-Нет