Приведен маж во с. Радање, физички со тврд предмет нападнал 65-годишен соселанец

На 08.04.2022 во 22.30 часот во с.Радање, општина Карбинци, полициски службеници го лишиле од слобода И.С.(60) од с.Радање, затоа што околу 16.30 часот во селото физички со тврд предмет нападнал 65-годишен соселанец. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.