
Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе 16 кривични пријави против лица од Кочани, Струмица, Делчево и Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22.20 часот, пријавените не се придржувале кон воведената забрана за движење во определен временски интервал, поради што од полициски службеници при вршење на контрола биле лишени од слобода.