Приведени двајца штипјани, пронајдени марихуана и грутчеста материја

На 13.12.2021 околу 23.00 часот на ул.„Димитар Двојаковски“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип ги привеле А.Ј.(30) и Д.И.(34), двајцата од Штип, бидејќи при преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.