Бројот на ковид пациенти во Штип и Кочани намален, почина едно лице

Ковид статистиката во Општините од Истокот не бележи драстични промени ниту денеска. Согласно известајот од штипската болница во последните 24 часа новопримен е еден пациент, исто еден е испишан. Со ова бројот на хоспитализирани е 31 сите се на Инфективното одделение, нема пацинети на дневна амбуланта, исто така веќе две недели без ковид пациенти е и Кожното одделние при Клиничка болница Штип. Ог хоспитализираните 18 лица имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 10 пациенти. Регистрирано е едно починато лице на 69 годишна возраст од Кочани. Моментално слободни се 29 ковид кревети на Инфективното одделение и 10 на Кожното информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница хоспитализирани се само три ковид пациенти на Интерното одделение кое работи како ковид оддел, од кои вакцинирани се двајца пациенти, но ниту еден нема потреба од кислородна поддршка. Во последните 24 часа испишано е едно лице, новопримени нема. Слобоодни се 24 ковид кревети, информираат од болницата.

Намален е и бројот на активни ковид случаи во општините од Истокот, односно истиот падна под 400. Најмногу активни ковид случаи има во Кочани 100 и само таму бројката е трицифрена. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена вклучувајќи ги и Штип и Делчево. Во Пехчево активни се само седум ковид случаи

Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.503.941 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

Лаура Стојанова М-Нет