Приватна фирма ја оштети главната водоводна линија 2 во Штип – Пребег, Железничка и Три Чешми со прекин во водоснабдувањето

Несовесно работење на приватна фирма од Штип ја оштети главната водоводна линија, поради што дел од градот ќе остане без вода.

Поради оштетувањето, во населбите Пребег, Железничка и Три Чешми ќе има прекин во водоснабдувањето до санирање на дефектот.

Инспекциските служби од Општина Штип се на терен и работат на утврдување на одговорноста за оштетувањето на главната водоводна линија.

Жителите на овие населби ќе останат без вода до отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.

По утврдувањето на одговорноста, за одговорните ќе следуваат соодветни санкции.

Иван Митев, М-Нет