
Сите слободни граѓани и пензионери, кои сакаат да земат соодветен надоместок, можат да се пријават во Општина Штип за секојдневно одржување на зелените и партерните површини околу нивните станбени згради. Иницијативата ја најави градоначалникот Иван Јорданов, кој посочи дека е потребно секојдневно одржување на овие простори. Целта е да се подобрат хигиената и редот во штипските населби, но и свеста и одговорноста кај граѓаните. И покрај редовното чистење од страна на ЈП „Исар“, Јорданов е дециден дека е потребно лице од месното население кое секојдневно ќе се грижи за просторот.
,,Најголемиот проблем со кои како локална самоуправа го имавме и кои треба да се промени е одржувањето на содржините кои што ги создаваме. Ги повикувам да се пријават одреднеи слободни наши сограѓани пензионери, кои со соодвете надоместок од страна на Општина Штип ќе бидат одговори за одржување на ваквите зелени површини, јавна површина околу нивните станбени згради, парнтерните делови кои се уредени, за да можеме сето она кое што го создаваме, да биде соодветно оддржувано и во оваа прилика морам да потенцирам дека мораме да ја подобриме совеста, свеста и одговорноста кај нашите сограѓани затоа што ѓубрето ое што се депонира околу станбените згради сепак доаѓа од станарите. И колку и да се трудиме во рамки на логистиката и капацитети кои ги има ЈП Исар на неделна осовнона да се изѓубрува и чисти депонираниот отпад, сепак на дневна основа треба да биде задолжен човек од месното население, кои секојдневно ќе се грижи за ваквите урбаните средни кои што ги создаваме.“, рече Јорданов
Замислата на општината, како што рече Јорданов е да во секоја штипска населба се постават одговорни лица кои ќе ги штитат урбаната опрема, хигиената и редот, бидејќи урбаната опрема многу често се уништува, особено во ноќните часови.
„Во таа насока ни е замислата во секоја населба, околу сите станбени едници да поставиме одговри луѓе кои што ќе се грижат за хигиената, за редот и кодексот на нормално однесување на сите корисиници, затоа што сме свесни дека урбаната опрема во доцните часови многу често се уништува од посетители и од оние кои ја користат.“, додава Јорданов
Како што потенцираше Јорданов, целта е да се подобри совесноста, одоговнорноста кај граѓаните, а за тоа како што повоторно рече се потребни сите граѓани да се вклучат за да се напарават населбите помодерни и поубави за живеење.
Иван Митев, М-Нет