
Со речиси двеминутен громогласен аплауз за „амбасадорската екипа“ публиката го поздрави премиерното издание на претставата „Амбасадор“ во штипскиот театар. Тематиката на претставата, конфликтот меѓу две неименувани земји пишуван за Студената војна со можност да се приспособи на кој бил конфликт меѓу две земји, претставен во играта на актерите не ја остави публиката рамнодушна.
Текстот кој Мрожек го пишувал уште пред 40 години, на моменти актуелен, како да е пишуван вчера од насловите во дневните весници, умешната режисерска палка на Андреј Цветановски и уште подобрата изведба на сцена водена од актерите и целата техничка екипа ја пренесуваат пораката „да се бориме за нов свет“.
Оние кои ја пропуштија премиерата, може да го проследат репризното издание вечерва, од 20:00 часот со влезници по цена од 200 денари. Месецов театарската претстава ќе има уште две прикажувања и тоа на 6 и 12 април. Тимот на Народен театар Штип со порака до љубителите на театарот – да дојдат и да уживаат.
Ребека Спасова М-Нет