
Шампионската второлигашка титула на Брегалница е заверена и први кои ќе им ја честитат ќе бидат играчите на Кит Го Пехчево. Во ова претпоследно 26 коло Кит Го требаше да биде домакин во Пехчево, но поради рекострукција на теренот овој меч ќе се одигра во Штип, стадион кој е пријавен како резервен за нив. Брегалница на најубав можен начин им го подари на штипјани прволигашкиот статус кој во година на стогодишен јубилеј и те како е мил, радостен и веќе четири години посакуван. Спортската редакција на Мнет ТВ и овојпат ќе излезе во пресрет на армијата навивачи на штипските сини и ќе врши директен пренос од овој натпревар исто така и на каналот Мнет Спорт. Поради поместувањето на полицискиот час и во ова коло ќе дојде до поместување на почетокот на натпреварите кои ќе се играат со почеток во16.00 часот. Еве ги комплетните двојки за ова 26 коло:
- Кит Го Пехчево – Брегалница
- Кожув – Слога
- Осогово – Победа
- Росоман – Плачковица
- Тиквеш – Каменица Саса
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 8 мај 2021 г. со почеток во 16.00 часот, без присуство на публика.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk