Започна велигденскиот саем на мед, се нудат природни и квалитетни производи

Мед, полен, прополис, восок и восочни производи, од длабочините на природата денес, утре и впеток можат да се купат на новото шеталиште Ванчо Прќе во Штип. Со макотрпна работа пчеларите штипско од утринава ги поставија своите производи, нудејќу гу на граѓаните по пристапни цени за нив. Саемот кој тие го организираат во овие три дена, како што велат е со цел да се понудат природни производи за граѓаните, советувајќи ги да не подлегнуваат на лажни производители.

Медот игра голема улога врз здравјето, ќе речат пчеларите, па затоа апелираат до граѓаните да купуваат и да се хранат здраво.

Инаку, саемот ќе трае и утре и в петок. Во овие три дена граѓаните ќе имаат можност од 9 до 19 часот да пробаат и купат мед и пчелни производи на шеталиштето во Штип.

Иван Митев, М-Нет