
„Образованието мора да биде приоритет, а не ставка која се намалува“, изјави Горан Кавраков на денешната прес-конференција. Тој истакна дека затворањето на ООУ „Гоце Делчев“ е погрешна одлука која директно ги засега учениците, родителите и вработените. Според него, училиштата треба да се развиваат и унапредуваат, а не да се затвораат поради нерешени проблеми.
„Во име на загрижените родители на учениците и вработените во основното училиште „Гоце Делчев”, како и во име на секој слободоумен граѓанин на Штип, јасно и гласно се спротивставуваме на неоснованото затворање на училиштето. Сметаме дека оваа одлука е штетна за образовниот процес, за учениците, за вработените и за иднината на нашата задница. Училишта се отвораат, се градат и се развиваат. Тие не се затвораат затоа што некој не знаел или не сакал да ги решава проблемите. Почит кон сите генерации кои го градеа духот на „Гоце Делчев”. Нека ова биде потсетник дека образованието мора да биде приоритет, а не ставка коа се намалува.“- Горан Кавраков, советник, СДСМ
Кавраков нагласи дека зад училиштето стојат генерации кои го граделе неговиот углед и придонес во образованието.
Дајана Сандева, М-Нет