Преполни амбуланти, вирусот удри уште на стартот на учебната година

Вирусот удри пред вистински да дојде есента, амбулантите во Штип преполни. Со првиот школски ѕвонец, и првите настинки – најмногу кај децата. Штипските лекари веќе бележат зголемен број пациенти со симптоми на горнореспираторни инфекции. Специјалистот по семејна медицина Д-р Валентина Митрова, ја ситушува ситуацијата, ама сепак децидна доколку хронично болните лица и децата имаат високи температури да поберат совет и преглед од своите матични леакри.

,,Како што знаеме летото е при крај, пад имаме на ноќните температури, кратење на денот и сеуште има пак високи дневни температури. Овие амплитудни разлики придонесуваат до климатски промени, со тоа што веќе почнува и школската година. Колективно она значи во затворени простории подолго време и може би како резултат е очекувано овој период да се појават симптомите за горно респираторните симптоми. Околу 90 проценти, предизвикувачи на овие симптоматологии кои што се во овој период се вируси. Не треба да има загриженост. Се лекуваам симптоматски со мирување, течности, а кај оние што имаат хронични заболувања или оние кои што имаат високите температури, особено малите деца секако да побарат совет и преглед од страна на својот матичен лекар за да се постави точната дијагноза.“, рече Митрова

Многу често се јавуваат и пациенти кои што од виоска температури, дополнително добиваат и грчеви, потенцираат лекарите. Препорачуваат доколку температурата е над 38 да побараат совет од матичните лекари.

Инаку, според информациите на лекарите, во овој период секоја година вирусот се јавува особено кај децата. Покрај во училиштата, периодов и градинките се соочуваат со истиот проблем.

Иван Митев, М-Нет