Дрога пронајдена кај 18-годишна штипјанка и кај двајца млади кочанчани

На 16.09.2025 во 14:00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишија од слобода Ј.Ж.(18) од Штип затоа што кај неа е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Имено во истиот ден во 14:00 часот на наплатна станица „Преод“ на автопатот Скопје-Штип, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги лишија од слобода А.М.(26) и Б.Д.(25), двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив и во возилото во кое се превезувале, пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.