
Синоќа на вонредна седница, советниците во Општина Карбинци ја усвоија одлуката за закопчување на угинатите свињи од приватна компанија заразени со Африканската чума на територијата на Карбинци. Како локација се определи просторот кој е дел од КП 473, КО Горно Трогерци. Советот исто така одлучи дека не се прифаќа локацијата предложена од Агенцијата за храна и ветеринарство.