
Утре пред Осогово ќе биде исклучително важен натпревар во рамки на 12. коло од Втората лига, „жетварите“ немаат право на грешка, само трите бодови се опција за Осогово, кој на домашен терен ја пречекува Победа, натпревар кој ќе може да го следите ексклузивно во живо на М Нет Спорт.
Со учинок од само една победа во 11 натпревари, две ремија и дури осум порази Осогово се наоѓа на 14-тото место или во бараж зоната со пет бодови. Притисокот од натпревар во натпревар се зголемува, но „жетварите“ треба да бидат внимателни бидејќи имаат идеален распоред каде практично може да соберат многу бодови и да бидат дури и две три места над опасната зона.
Пред Осогово утре е мечот со Победа, потоа доаѓа репрезентативна пауза која мора да се искористи за екстра подготовки, време за одмор нема, бидејќи потоа на Осогово му следи гостување кај Новаци, дома доаѓа Каменица Саса во регионално дерби и во последното есенско коло против Вардарски во Богданци.
Идеален распоред по мерка за „жетварите“, кои ќе треба паметно да го искористат. Борбата за опстанок започнува веќе в недела. Осогово заедно со Вардарски се единствените екипи кои на последните пет натпревар имаат пет порази и практино немаат бодови.
Осогово два месеци чека на бодови, последно славеше на 28. септември над Борец и одтогаш нема освоено бодови. Победа е во серија со позитивни резултати на последните пет меча има два прази со три триумфа, па со тоа поранешниот прволигаш од Прилеп е на 10. место со 13 бодови и сака три бода со кои дефинитивно прави прогрес на табелата и чекор напред кон сигурен опстанок.
Важен меч за Осогово со една цел – три бодови, против Победа која во Кочани сака петто слави и лесна пролет.
Александар Василевски ќе ја дели правдата во Кочани, а мечот започнува во 13 часот со пренос на М Нет Спорт од Кочани.
Александар Ванев, М-Нет