Во кал до колена живеат жителите на беровското Владимирово

Жителите на село Владимирово Беровско, секое утро за да ги извршат своите основни секојдневни обврски се молат да не заврне дожд или снег, за како што велат тие да можат да излезат и да не скршат некоја коска. Оставени на милост и немилост на времето, одвоени од нормалниот начин на живот, се борат со тешките услови за кои надлежните ништо не преземаат. Улица „Димитар Влахов“ или како што вели жител од истата кал до колена, е местото каде што не може да дојде ниту амбулантно возило, па доколку дојде до незгода 100 до 150 метри треба да се оди пеш. А луѓе во години. Пред неколку дена дождот ја уништил улицата, сега снегот ја покрил калта, па едвај се минува. Само браздите од тракторски гуми јасно стојат овде, бидејќи и тракторот е моторно возило кое најчесто може да се забележи овде.

Овие жители повеќе пати по ред имаат барано помош, апелирајќи до надлежните, на секаков начин. Проблемот не е нов, и е познат бидејќи помош е побарано и преку неколку медиуми, преку социјалните мрежи. Овој пат не контактираа и нас. Одговор побаравме и од надлежните.

Како што не информираше Билјана одговорното лице за односи со јавноста, Берово, оваа улица лани била тампонирана, а во годишниот Буџет за Берово за 2021 година не се предвидени средства за нејзино реконструирање.

Лаура Стојанова М-Нет