
Прволигашот Беса се реши да направи тренерска промена за продолжението од сезоната, откако се раздели со Александар Таневски.
Беса ќе добие нов тренер, а Таневски останува во историјата како тренер кој ја внесе Беса за првпат во Првата македонска фудбалска лига.
“Сопствениците на клубот сметаат дека е потребен нов дух во нашиот клуб и поради оваа причина со меѓусебен договор со тренерот Таневски решивме да ја прекинеме соработката. Беса му се заблагодарува на тренерот Таневски за неговата работа и му посакува континуирани успеси”, велат од клубот.
Беса вчера со 1:5 го декласираше Охрид во Купот, а викендот дома ќе игра со Пелистер.
Александар Ванев, М-Нет