
Денес започна големиот Меѓународен турнир „Евроспорт Куп“ во организација на ФК Куманово Евроспорт, а на кој учество ќе може да земаат генерациите 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и генерација 2017.
Од денес до недела ќе настапуват генерациите 2012, 2014 и 2016, додека пак во период од 4. до 6. октомври генерациите од 2013, 2015 и 2017 година.
Организатор на овој голем Меѓународен фудбалски турнир „Евроспорт Куп 2024“ е фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт од Куманово.
На турнирот покрај екипи од Македонија како фудбалската школа Гроздановски, Њу Старс, Нови Таленти, Вардар, Карев, Куманово, Детонит Плачковица, Башкими… настапуваат големи балкански и европски гиганти како Динамо Загреб, Осијек, Црвена Ѕвезда, ЦСКА Софија, Бешикташ, Порто, Чукарички, Сарајево, Фламуртари…
На спортскиот канал М Нет Спорт можете да ги следите натпреварите во живо од трите натпреварувачки денови.
Овој меѓународен турнир ќе биде медиумски поддржан од М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет