
Презентирана годишната програма за 2025 година на НУ Завод и Музеј и билиотеката Гоце Делчев во Штип. Вкупниот буџет за реазлиација на проектите за музејот изнесува 4.265.000 денари, средства повеќе од лани, финансирани од министерството за култура и туризам. В.д диркеторот Марија Причкова-Митрова вели дека средстата ќе бидат наменети во програмските активности на музејската, галериската дејност, како и во секторот за заштита и конзервација на недвижното и движното културно наследство.
“Вкупниот буџет за реализација на програмата на националанат установа завод и музеј штип за заштита на спомениците, културата и музеј штип за 2025 година, која што е одобрена и финансирана од министерството за култура и туризам. Буџетото 4. 265. 000 денари, повеќе од претходната година, Средствата ќе бидат наменети во програмските активности на музејската дејност, галериската и во секторот за заштита и конзервација на недвижното и движното културно наследство.“, вели Причкова-Митева
Програмските активности, пак во НУ Библиотека Гоце Делчев Штип се во библиотечната, издавачката дејност, европски интеграции, меѓународна културна соработка и инвистиционо-техничко одржување на објектите и опремата во државна сопственост.
Со ваквите прогрмаи, организирани од обете институции, граѓаните дополнително ќе имаат можност да се приклучат на различните семинари, кои што ќе пружат повеќе знаења особено за помладата популација, како и за сите заинтересирани од страна.
Иван Митев, М-Нет