
Помалите градови и села се празнат, а младите се почесто се насочуваат кон поголемите градови. Иако ваква ситуација е со цел подобро образование и услови за млади, сепак со тоа помалите места стануваат по празни. Професорот при УГД Штип Страшко Стојановски, вели дека внатрешната миграција е табу тема и прашање кое предизвикува вистинска депопулација. За медиумите тој истака дека ваквата ситуација е особено последните декаде од независноста па наваму.
“Акутен проблем е високо изразената внатрешна миграција и зголемување на трендовите за бразовна миграција, односно студирање во средни или секундарни и терцијални нивоа на универзитет надвор од градовите каде што се наогаат малдите, особено во овие региони, кои што се наш таргет, односно наш предмет и фокус на истражување и тоа се централните и источните региони на државата. Внатрешната миграција е речиси не се дискутира, бидејќи е табу и е прашање кое предизвикува вистинска депопулација, особено последните декади од незавиноста па наваму.“, вели Стојановски
Според Стојановски мора да се зборува за децентрализацијата, додавајки дека данокот на додадена вредност треба да се зголеми од 6 на 20 проценти. Да се размислува на среден рок да достигне до една третина, а на долг рок да се зголеми до дури 50 проценти, додава тој
Според професорот Стојановски, мораме да имаме и унапредување и на земјоделието, со што системите за наводнување од бивша југославија треба повторно да се возобноват. Вели дека за сега истите не се користат, додавајќи дека најосновно во земјоделието е неопходна водата, која што е неопходно да се дистрибуира по регионите каде што се градат стратегии за унапредување.
Иван Митев, М-Нет