Предвремена исплата на регрес за годишен одмор или К-15

Амфенол Технолоџи Македонија ДООЕЛ Кочани е една опд првите фирми која на своите вработени им направи целосна исплата на регрес за годишни одмори или популарно наречениот К 15. Ова е реткост во стопанството на ниво на држава, но за добрите менаџери не е невообичаена постапка бидејки од оваа фирма напоменуваат дека нивните работници се најзначајното трајно добро за компанијата. Наместо на крајот на годината и месецот Декември ,во една од најуспешните фирми исплата на годишен регрес е направена три месеци порано. Во изминатите години исплатата на оваа ставка ја вршеа мал дел од фирмите, во време на пандемија 2020 година се очекуваше да остане запаметена по минимална исплата на К 15, но во конкретниот случај е манифестирано позитивно делување. Од друга страна, Законот и самите колективни договори, регулираат ставка кога компаниите покажуваат загуба, нивната задолженост опаѓа. Останува отворено прашањето дали Афенол спага во компаниите кои имаат добра акумулирана добивка од предходните години или пак имаа професионални сознанија дека направената загуба од 2020 година има сериозен потенцијал да биде покриена во 2021 година. Водејки грижа за повисоки примања на работниците се зголемува и потрошувачката моќ а самите производи или услуги на компаниите. Инаку фирмата Амфенол е позната по мотивирачката средина за работа, финасиските наградувања на работниците за посебни остварувања како и ефикасната комуникација со предпоставените.

Маре Стојилова М нет

Дарко Лазев М нет