Патнички воз удрил во трактор во близина на Железничка станица Штип

На 01.10.2020 во 17.50 часот било пријавено дека патнички воз, кој сообраќал на релација Скопје–Кочани, во близина на Железничка станица Штип удрил во трактор, управуван од В.А.(61) од Штип. Во незгодата нема повредени лица, а железничкиот сообраќај бил во прекин до 20.35 часот. Увид на местото на местото извршила увидна екипа од СВР Штип.