
Корона инвазијата која ги зафати некои од играчите на Џенова беше повод и причина раководството на италијанската Калчо лига вечерва да го одложи натпреварот од 3 коло Џенова – Торино кој што требаше да се одигра утре, сабота 3 октомври. Она што предизвикува внимание е податокот што нашиот Горан Пандев кој е алфа и омега на тимот на Џенова е негативен на два теста, но и покрај тој податок неизвесено е неговото доаѓање во Скопје за мечот со Косово. Според нашите информации од сигурни извори, Горан Пандев требаше да се врати во Скопје на 6 октовмри и да се јави на селекторот Игор Ангеловски, но работите поради клупската самоизолација во Џенова се искомлицираа и неизвесно е неговото доаѓање. Ова ќе бидат денови на голема неизвесност и потребен е огромен притисок на раководството на фудбалската репрезентација на Македонија за негово доаѓање кое и покрај негативните тестови е под голем знак на прашалник.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk