Раководството на ФФМ и в.д. градоначалникот на Штип го потпишаа договорот за западната трибина

Денес во просториите на општина Штип претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и в.д. градоначалникот Јане Миланов беше потпишан договор за изградба на западната трибина а воедно и за реконструкција на целиот градски стадион. Ова е дел од соработката на ФФМ и УЕФА т.н. „хет – трик“ програма која е финансиер на самата изградба.

На западната трибина ќе бидат инсталирани 2400 столчиња, ќе има ВИП ложа, простории за новинари, како и специјални простории за лица со посебни потреби. Во поттрибинскиот дел ќе бидат сместени соблекувалните и просториите за официјалните службени лица по сите критериуми на УЕФА и на ФИФА. Ова ќе биде голема чест за самиот Штип и неговата поширока околина и секако за сите искрени љубители на фудбалот и на спортот воопшто.

Западната трибина треба да биде готова за една година и токму 2021 година е јубилејна за ФК Брегалница која ќе ја прослави 100 годишнината од формирањето на клубот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk