
Дербито во Трета лига – Југ меѓу Превалец и Борец заврши без победник и без погодоци (0:0) со поделба на бодовите, во меч од 6. коло.
Марена со погодоците на Нацев и Камчев стигна до победа од 2:0 над Слога.
Росоман со 8:1 го “уништи” Бучин кој беше инфериорен противник.
Дуков постигна пет гола, а по еден гол постигнаа Николов, Костовски и Миловановиќ.
За гостинот едиствен стрелец во овој катастрофален пораз беше Зоран Мирчески.
Големо Коњари со 2:0 го доби дербито со Младост од Кривогаштани на домашен терен со головите на Селманоски и Ибраимоски.
Питу Гули на домашен терен беше убедлив против “новајлијата” Ултрас со високи 6:2.
Велевски постигна хет-трик во мечот кој се одигра во Крушево, а по еден гол постигнаа Котески, Мемедоски и Стрезовски. За гостинот стрелаа Тодоровски и Хаџиспиркоски.