Еуромилк и Шкендија Арачиново убедливи, висока победа и за Куманово

фото: архива

Ланскиот второлигаш Пехчево со 0:2 загуби од лидерот Фортуна на домашен терен, во меч од 7. коло од Трета лига – Север.

Емини и Авдулаи ја обезбедија победата за лидерот во вториот дел од мечот.

Петровец и Башкими Љуботен ги поделија бодовите играјќи 1:1. Исени во првиот дел погоди за гостинот, а Тодоровски во 93. минута го спаси Петровец од пораз откако погоди за 1:1.

Аеродром дома загуби од Кадино со 1:2. За домашниот тим стрелец беше Киранџиќ, а за Кадино погодија Спасевски и Попоски.
Шкендија Арачиново дома со 4:1 го декласираше тимот на Беса Влазрими. За домашниот тим Чалафи беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Абдуловски и Беќири. За гостинот стрелаше Шабани.

Некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ со 6:0 го уништи “фенерџијата” ССК Нова.

Тасески постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Манџуковски, Јаневски и Василев.

БВК Коњаре со 3:0 го декласираше составот на Риниа. Двоен стрелец беше Бакиевски, а еден гол беше дело на Ристовски.

Куманово со 0:3 го декласираше “новајлијата” Бутел и со тоа продолжува по победничките патеки.

Јовановски и Тасевски стрелаа во првиот дел, а во вториот дел Филиповски погоди за 0:3.