
Влазерими стигна до нова убедлива победа на патот кон нов бараж за Втора лига, откако со 4:1 дома славеше над Чепчишти во меч од 6. коло од Трета лига – Запад.
Зубери погоди за водство на гостинот, а до крајот на првиот дел резултатот беше 3:1 за домашниот тим со головите на Ибраими, Елези и Хисмани. Во финишот на мечот Исмаили погоди за конечни 4:1.
Речица дома со 2:1 го доби некогашниот прволигаш Напредок од Кичево со головите на Шефити и Абдули. За гостинот единствен стрелец беше Аврамовиќ.
Камјани и Зајази ремизираа играјќи 2:2. Бафтиари и Јусуфи беа стрелци за домашниот тим, а за гостинот стрелаа Џеладини и Џемаили.
Љуботен на домашен терен доживеа дебакл откако со 0:3 загуби од Дрита. За гостинот од Боговиње погоди Алими и два пати Рушити.