Прв сет податоци од Попис 2021, вкупно 1.836.713 резидентно население

Државниот завод за статистика со прв сет податоци од Попис 2021. Вкупно попишани се 2.097.319 лица, што е за 9,2% или 185.834 лица помалку за разлика од пописот спроведен во 2002 година. Вкупното резидентно население, пак, е 1.836.713 лица. Од нив пописот покажува повеќе жени отколку мажи, односно 50,5% жени и 49,6% мажи.

Според религиската припадност 46.14 % се изјасниле како православни, 32.17 % како муслимани (ислам), 0.37 % како католици, а во овој Попис има и други религиски заедници кои ги немало во претходните пописи, како што се: евангелско протестантски христијани, агностици, будисти и други. Во однос на мајчиниот јазик, најголем процент зафаќаат оние кои зборуваат македонски и албански и тоа, 61.38 % од попишаното население се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот, а 24.34 % албански мајчин јазик.

Од градовите од истокот, Штип е со 44.866 жители, Кочани со 31.602 жители, Виница со 14.475, Делчево со 13.595 жители, Пробиштип со 13.417 жители, Берово со 10.890, М. Каменица со 6.439 жители, Чешиново – Облешево со 5.471 жител, Пехчево со 3.983 жители, Карбинци со 3.420 жители и Зрновци како најмала општина во државата со 2.086 жители.

Според директорот Симовски, Попис 2021 е операција успешно и професионално спроведена и со ова ДЗС уште еднаш покажал дека знае, може и умее, па податоците се обработени во рекорден рок.

Ребека Спасова М-Нет