ОО СДСМ Штип го повикаа Јорданов јавно да им се извини на штипјани

На приказната со ул. „Панче Караѓозов“ ѝ нема крај. Иако се асфалтира, со чии пари сѐ уште нејасно. Имено, по прес-конференцијата на која градоначалникот Иван Јорданов истакна дека средствата се обезбедени од Светска банка и аплицирани преку Министерството за транспорт и врски, а проектот е на Општина Штип, реакција пристигна од ОО на СДСМ Штип. Од таму со став дена на дрскоста на Јорданов ѝ нема крај.

„Или Јорданов свесно манипулира со јавноста или пак од неинформираност си ги присвојува проектите на централната власт предводена од СДСМ. Денес Јорданов тврди дека средствата ги обезбедил од Светска Банка. Ако општинските служби не го информирале, еве ние ќе го информираме дека средствата за реконструкција на улицата Панче Караѓозов се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија, преку проектот за Поврзување на локални патишта во општините, што го реализира Министерството за транспорт и врски.“ – велат од општинската организација.

Како што додаваат, преку овој проект се реконструираат и крстосницата Сењак, а за улиците „5-ти Конгрес“, „Браќа Даневи“ и „Солидарност“ во овој момент е тендерска постапка којашто ја води Министерството за транспорт и врски. Потенцираат дека вкупната вредност за сите овие улици е преку 53 милиони денари, а Министерството само за Штип има обезбедено речиси 1.200.000 денари.

Од СДСМ го повикаа Јорданов јавно да им се извини на штипјани и да даде прецизни информации од каде се обезбедени средствата за реализација на проектите.

Ребека Спасова М-Нет