
Занает кој е благословен, но полека изумира. Неџати Шериф е единствениот ковач во Општина Штип, кој го негува и продолжува занаетот наследен од неговиот таттко. Претходно ова го работеле и неговоиот дедо и прадедо, но денес вели нема ниту работа ниту пари. Има денови кога ниту еден муштерија нема да ја посети неговата работилница и да побара нешто да се изработи. Пред нашата камера Шериф вели тешко се преживува со занает кој би требало залто да вреди.
„Овој занает е благословен, ова е од прадедо, дедо, татко, па сега јас. Сега немаме работа, а некогаш имавме многу работа во времето на Југославија. Земјоделието не се работи и нашата работа е многу мала“ – вели Шериф.
Шериф вели ако не е пензијата од неговата сопруга тешко дека ќе преживее од овој занает. Се мачи по цел ден заедно со неговиот син, но работата е сведена на минимум. Поправа сега начјесто секири и предмети кои ретко некој ќе му ги донесе, посетувајќи ја неговата работилница.
„Земам 10 илјади денари, само за струја не се исплаќа. Ова сега многу слабо, многу слабо, многу сме загрозени. Правиме се што е потребно за земјоделство.“
А, работата не е тешка, занаетот лесно се учи и служи за цел живот. Се загрева железото, се оформува и се лади вели Шериф, едноставно е потребна е само желба. Тој например сега има 82 години, а овој занает почнал да го учи од негови 10 години.
Најчесто работилницата ја отвора претпладне бидејќи вели има најголеми шанси некој да помине и да побара нешто, а тој да заработи парче леб. Цените за острење на една секира на пример се движи од 200 до 500 денари.
Лаура Стојанова М-Нет